KOUZON WORK AND TRAVEL AMERICA 2019
РАБОТА ИМА – САМО ДА САКАТЕ ДА РАБОТИТЕ !

Здраво, јас сум Стефан. Летото, 2019-та го поминав во Вејл, Колорадо, САД.
Технички бев во Авон, град на 15км од Вејл, ама работата ми беше во Вејл.

Кога ќе ви обезбедуваат смештај барајте да бидете во Вејл(и навреме аплицирајте за смештај!). Инаку и Вејл и Авон се прекрасни, многу убави, средени, мали гратчиња. Луѓето таму се доста фини(не, озбилно, фини се).
На почетокот беше малку хаотично и стресно, додека да извадиш мобилен број, Social Security Number, кои ти се неопходни за барање работа. Обично првите две недели се најстресни, што е нормално, бидејќи ти треба време да се навикнеш на новата околина. После тоа станува интересно, одиш на прошетки, журки, на скара(да, скара=BBQ), се дружиш со колегите, цимерите, комшиите(да, комшиите).

Барајте од работодавецот да ви даде фиксен распоред за да можете подобро да си го организирате времето и да најдете трета работа. И со две работи се прават пари, ама три си е три.

Убавата работа за ова место е тоа што е на многу висока надморска височина, 2,484 m(Кораб е 2,751м). Највисоката температура во летото беше само 27 степени!
За да си поминеш убаво, најбитно е друштвото! Јас имав среќа, друштвото многу да ми биде погодено.

Исто така во околината на Вејл и Авон, има многу убави планини и патеки за шетање(шетајте што повеќе!).
Не чекајте – аплицирајте и бидете дел од незаборавната и најатрактивната летна програма!
Work and Travel America
Стефан Трајковски
Студент на Факултет за Информатика при “УГД” – Штип
Kouzon Work & Travel America info@kouzon.com.mk 078 45 44 26 078 45 44 13 078 45 44 23