KOUZON WORK AND TRAVEL AMERICA 2019

Нашата студентка Бисера, која по втор пат учествуваше на програмата Work and Travel, овој пат во националниот парк Yellowstone.

1. Како се чувствуваше на твојот прв работен ден во Америка?

Мојот прв ден на работа беше возбудлив, се запознав со менаџерите и другите студенти со кои требаше да работам и почнав да ги изучувам обврските кои требаше да ги правам што беа дел од мојата работна позиција.

2. Дали запозна нови пријатели и со кои националности се дружеше најмногу ова лето?

Се запознав со нови пријатели од Романија, Турција, Кина, Нигерија, Америка, Еквадор и многу од многу други држави, а најмногу се дружев со студенти од Доминиканска Република, Хрватска, Тајван, Грузија.

3. Како изгледаше еден твој класичен работен ден во Америка?

Мојот работен ден започнуваше во 7:30, разговарав секое утро со мојот менаџер за позицијата на која што требаше да бидам тој ден, и работев до 11:30. Потоа одев на ручек и имав подолга пауза и продолжував на работа уште 4-5 часа. Работната позиција се менуваше секој ден според дадениот распоред.

4. Што си купи од Америка?

Од Америка си купив часовник, патики, облека, а повеќето пари од заработката ги потрошив на патувања.

5. Кои дестинации имаше прилика да ги видиш, а кои дестинации ти останаа само желба за во иднина?

Оваа година имав можност да ги посетам Лас Вегас, Лос Анџелес и Њу Јорк, а за во иднина ми остануваат ми остануваат многу дестинации од кои би ги издвоила Grand Canyon, Вашингтон, Сан Франциско и Niagara Falls.

6. Доколку инаш шанса повторно да учествуваш во програмата кои работи би ги променила (број на работни часови, работна позиција итн)?

Ако треба нешто да променам, би го променила местото на работа од единствена причина што сакам да искусам повеќе и поразлични работни места, а ако би одела на истото место не би променила ништо.

7. Какво е твоето мислење за компанијата за која работеше ова лето, каков беше односот на менаџерите, колку компанијата се грижеше за вас, кои беа позитивните и негативните страни?

Компанијата за која работа имаше одличен и работен и пријателски однос лично со мене, менаџерите беа секогаш отворени за разговор и за секој проблем кој го имав, без разлика дали е поврзано со работата или со нешто друго. Компанијата исто така организираше одредени настани поврзани со американската култура, за да можеме да искусиме што повеќе од неа.

8. Што би им препорачала на студентите кои прв пат аплицираат за програмата?

Како студентка која оди две години на оваа програма на студентите би им препорачала да не се плашат дека одат на толку големи далечини од дома, да ги истражат сите места каде и што би сакале да работат, да не се грижат многу за факултетот бидејќи искуство како ова не може да се замени. И секако за сите детали и прашања да се обратат во Коузон бидејќи вработените се секогаш тука за студентите.

info@kouzon.com.mk 078 45 44 26 LIVE YOUR DREAM