WORK & TRAVEL AMERICA 2019

Здраво на сите,
ние сме Виктор и Симона студенти на еконимскиот факултет при универзитетот во Скопје, Св. Кирил и Методиј.
Ова лето имавме можност да бидеме дел од најдобрата студентска Work and Travel програма организирана од Коузон. За дечките и целокупниот тим на Коузон имаме да им кажеме едно големо благодарам за се што направија за нас од почеток до крај и за поддршката додека бевме таму.

Ова беше наше најдобро искуство кое сме го имале до сега во текот на летниот период, имавме можност да се запознаеме со начинот на живот во Америка и да запознаеме многу нови луѓе , да прошетаме и посетиме многу нови места.

Се запознавме со многу нови пријатели од Турција,Бугарија,Романија,Шпанија,Узбекистан, и Доминиканска Република со кои сеуште сме во контакт.
Исто така имавме прилика да посетиме неколку нови места како што се New York, Boston, Miami, Columbus, од кои останавме воодушевени, но следен пат би сакале да го видиме и западниот дел на Америка посебно градовите како Los Angeles, Las Vegas, San Francisco итн.
Би ви препорачале да не се мислите многу и да аплицирате за програмата Work and Travel ,бидејќи ова е многу добро искуство кое имате можност да го искусите додека сте студенти, исто така би ви препорачале да ја одберете агенцијата и тимот на Коузон не затоа што се најдобри туку затоа што имаат најголемо искуство и знаат каде треба да ве испратат .

Поздрав од нас и секое добро.- ВИ ПРЕПОРАЧУВАМЕ ДА ПАТУВАТЕ ЗА АМЕРИКА СО КОУЗОН