KOUZON WORK & TRAVEL AMERICA 2019

Само што се вратив од Америка и веднаш размислувам за моето наредно лето во NY!
Немам зборови да го опишам она што го доживеав во Америка и навистина им посакувам на сите да го доживеат студентското лето со Коузон барем еднаш додека имаат можност и студираат.

1. Раскажи ни како се чувствуваше првата недела во Америка, твојот прв работен ден, твојот прв впечаток од Америка?
– Најпрво спасував на детски плитки базени и се прилагодив одлично! Околу нас имаше супервизори кои внимаваа и не подучуваа и секогаш беа околу нас да ни помогнат. Најубав впечаток ми остави културата на луѓето – без навистина изненаден како секој човек вика благодарам и извини за секоја ситница и го ценат твојот труд и време иако доаѓаш од другата страна на светот. Ми беше задоволство да одам на работа секој ден и да услужувам луѓе од целиот свет.

2. Бидејќи ни кажа дека си направил доста пријателства, со кои луѓе се запозна и од кои држави доаѓаа тие?
– Се запознав со луѓе од Јамајка, Шпанија и Романија, со нив се дружев најмногу! Исто така се дружев доста и со луѓе од Америка и со нив го вежбав мојот англиски кој видно се подобри за само 3 месеци.

3. Кои беа твоите обврски на работното место?
– Работев во Splish Splash, огромен забавен воден парк како life guard. Рано пред да отвори паркот за гостите работев како хигиеничар и го спремавме паркот за отварање а откако ќе се отвореа вратите работев како спасувач за да може да имам повеќе работни часови во неделата. Работев на различни базени и си поминав одлично!

Им препорачувам на сите да аплицираат за Work & Travel програмата и да го доживеат она што го доживеав јас. НЕПОВТОРЛИВО РАБОТНО ИСКУСТВО ВО АМЕРИКА И ЗАПОЗНАВАЊЕ НА ЕДНА НОВА СТРАНА НА СВЕТОТ !

info@kouzon.com.mk