KOUZON WORK & TRAVEL SUMMER 2019

Навистина сме среќни кога ќе добиеме порака од нашите студенти кои во моментот повеќе од еден месец работат на места ширум Америка.

Мартина ни пиша кратка порака која кажува многу.
Се надеваме дека истата ќе мотивира многу студенти да дојдат во Септември во некоја од нашите канцеларии и да започнеме да го планираме заедно нивното лето 2020 во Америка!

,,Ви благодарам за можноста за вакво прекрасно лето! 😀
Одлично се снајдов на работното место, задоволна сум, имам прекувремени саати и сега за сега нема да барам втора работа. Сместувањето е добро, ги има основните работи за престој.
Во слободните денови бев на локалните плажи, а следниот слободен ден планирам да го посетам Њујорк. Се надевам ќе имам лето за паметење ‘’

✈️ Мартина ни испрати и неколку фотографии кои сведочат за одличниот помин и новите пријателства во Америка! Ние како тим и посакуваме незаборавно лето и безброј пријателства од целиот свет!

Коузон тим