КOUZON WORK & TRAVEL AMERICA 2018 
ЗАЈДИСОНЦАТА ВО АЛАБАМА СЕ МАГИЧНИ И ПОСАКУВАМ ДА ГИ ДОЖИВЕАМ ПОВТОРНО НАРЕДНОТО ЛЕТО! – изјави Дениз Даутовски,

Orange Beach, место каде сите летни сонови се исполнуваат, место со прекрасна плажа со жолт ситен песок и неѕаборавни ѕајдисонца. Место кое преку лето е прекрасен студентски град.
Тристе и педесет студенти вработени под закрилата на Brett Robinson корпорацијата од раѕлични страни на светот и сите тие дојдени токму на тоа место со една цел – дружба и непрекинати и незаборавни мигови кои се запишаа во нашите души засекогаш.

Ова место е воодушевувачко и летната еуфорија ја прави уште поголема а дружбата незаборавна!

Работев како housekeeper, имав колеги кои работеа како facility attendant, front desk и други позиции во склоп на ресортите меѓутоа целосниот замор на крајот на денот поминуваше за миг кога ќе се соберевме и ќе се дружевме по работните часови. Работата воопшто не ми претставуваше товар бидејќи плажата и прекрасниот океан ме очекуваа секојдневно пред влезот на моето сместување.

Го поминав моето досега најубаво лето во мојот живот и направив пријателства кои ќе траат за цел живот.

Најискрено ви го препорачувам Orange Beach доколку сакате ѕабава, дружба и преубава глетка и атмосфера за наредното лето.,

Дениз Даутовски,

Студент на ФЕИТ, Скопје