KOUZON WORK & TRAVEL AMERICA – 2018
АЈДЕ ВО АМЕРИКА ВО ЛЕТО 2019

Овие две прекрасни девојки, дојдоа во нашите канцеларии за да ни раскажат како си поминале во Америка во изминативе 4 месеци и беа со големи насмевки на нивните лица!

По напорното лето во Rehoboth Beach, Јована и Памела поминаа цела недела во New York и уште неколку денови во Chicago и направија сеќавања за цел живот!

Во посета на нашата канцеларија ни раскажаа дека имало недели во кои работеле и повеќе од 75 часови неделно но дека дружбата и супер локацијата која ја одбраа за нивна дестинација за ова лето ги држеле во одлично расположение.

Ни испратија и неколку прекрасни фотографии кои сакавме да ги споделиме со сите вас кои се уште размислувате дали да аплицирате за наредното лето.
Нашите канцеларии се отворени за сите нови апликанти на кои им требаат било какви дополнителни информации за програмата!

Ќе ни биде драго да се дружиме со сите вас кои имате желба за едно поинакво лето досега!

studenti@kouzon.com.mk LIVE YOUR DREAM
Коузон Тим