КОУЗОН WORK & TRAVEL 2018
ВИ БЛАГОДАРАМ КОУЗОН – УЖИВАМ ВО АМЕРИКА

Имам преубаво лето во Америка, а најмногу од се сум горд што заминав на летна студентска размена сам, без друштво и тоа во еден од најубавите планински национални паркови во светот.

Денес, после само еден месец имам пријатели од Мексико, Италија, Тајланд, Франција, Полска, Чешка, Бугарија, Хрватска, Србија, Перу, Јужноафриканска Република и Уругвај!

За мене ова е фасцинантен извор на пријателства и доживувања кои ќе ги паметам цел живот!

4ти јули 2018та беше ден кој никогаш нема да го заборавам и засекогаш ќе остане во моите сеќавања. Навистина сум среќен што денот го поминав со луѓе од целиот свет и што имав шанса да бидам дел од прославата со скара и огномет на височините на Grand Canyon.

Тимот на Коузон стои зад целата моја идеја за поинакво лето и навистина сум среќен што ми го покажаа вистинскиот пат за неверојатна среќа и доживувања ова лето.

Летово е нешто што знам дека никогаш нема да ми се повтори и затоа уживам во секоја секунда!

Поздрав од преубавиот Grand Canion, Arizona

Кире Илиев
Студент на економски факултет, Скопје