KOUZON WORK & TRAVEL 2017

kouzon-otvorenakancelarijaОд денес 15 Ноември, Коузон започна со нова кампања кој е насочена кон подобро информирање на студентите од универзитетите во Македонија,за сите работни програми кои ги нудиме за летна студентска работа и пракса во странство.

Ценејки го нивното драгоцено време, одлучивме секојдневно во наредните 30-тина денови, да бидеме присутни во нивната работна средина т.е на факултетите низ Македонија и да им заштедиме време да не доаѓаат во нашите канцеалрии.

Преку директен контакт, низ разговор и средби, ќе ги пренесеме сите важни информации кои се потребни за студентот да добие правилни насоки како и за каде да се одлучи за патување.

Исто така сакаме да иницираме поголем интерес кај студентите од Македонија за сите форми на студентска размена и активни работни програми за студентска пракса.

Реално, без пракса, тешко се стекнуваат квалификации за идните вработувања и сите животни искушенија.

Почитувани студенти, доколку Вие сакате да дојдеме на вашиот факултет и да остварите средба со нас, Ве молиме испратете ни е-маил на info@kouzon.com.mk

Ви ветуваме дека во најкраток можен рок ќе Ве посетиме.

Воедно доколку имате одредени прашања или барања Ве покануваме да не контактирате!