Здраво!

Како и сите студенти кои заминале на WAT програмата така и јас ги искусив нејзините “лоши т.е. прекрасни страни” кои за мене представуваат едно мноогу големо искуство но го искусив и нејзините НАЈ-добри страни кои беа јаготката на шлагот и кои го направија моето лето незаборавно.

jovandimitrov_15Прва фаза – Тргнување и престугнување во САД и пат до работното место.

Едно од “лошите искуства” кое ме научи една многу вредна лекција која ќе ја паметам цел живот е пристигнувањето на аеродромот во Чикаго. Бидејќи бев сам и првпат патував кон Америка ми требаше малку повеќе време да се снајдам по лавиринтите на аеродромот па така сето ова талкање и задрживање на царина ме чинеше да го испуштам единствениот воз кој одеше во правец на моето работно место. Поради сето ова во себе почуствував една паника и несигурие и мисла дека ќе поминам уште една ноќ на терминалот на аеродромот. Но токму во тој миг пред мене се појави еден човек кој сакаше да ми помогне кој ме прими да спијам во неговиот дом. Но јас во таква ситуација плус стравот и мислите кои ни ги наметнуваат американските финмови со одметници мислев дека тој е еден од нив и како и секој разумен човек го одбив, човекот тогаш се представи и тој всушност беше текстописецот на музиката на филмовите на Disney – Chas James C.Roach. После ова се почуствував ослободен на некој начин ја прифатив понудата да му бидам гостин. Одкако се заврши добро утрешниот ден ме испрати на воз и така стигнав до моето работно место.

Но таму ме чекаше на прв поглед второто разочарување кое понатаму испадна на добро и така полека но сигурно почнав длабоко да го сонувам Американскиот сон.

Втора фаза – Време кога јас се наоѓам на средина од мојата WAT програма.

Ова беше време кога работевме малу понапорно бидејќи тоа време паркот беше најполн со луѓе тоа е времето околку 4 јули кога амеркинаците го празнуваат нивниот најголем празник . Но пак од друга страна ова беше време коѓа се правеа најголемите и налудите забави кога се планираа патувањата и време кога полека по полека ни се остваруваа нашите сонови. Како што реков во ова време бидејќи парков беше најмогу посетуван можеби и повеќе од 30k луѓе на ден во ова време бројот на вработе изнесуваше околу 4k па можете да замислите каква забава прават барем една четвртина од оваа бројка на луѓе. Покрај забавите кои сами си ги организиравме и лицата кој менаџираа со паркот имаа скриено по нешто во ракав па ќе организираа игри и храна за сите се со цел сите кои бевме таму да останеме заедно што е можно повеќе време. A пак за време на слободните денови кога патувавме во околните градови кои ни беа на дофат можам да кажам дека ништо неможе тоа да го замени.

Трета фаза –  Крај на WAT програма и припреми за пак кон дома

Овој период од последнит неколку недели беше за мене најтежок во смисол разделбата од пријателите кои ги стекнав таму и со кој го поминав  најубавите моменти од мојот живот досега. Но како тие еден по еден си заминуваа кон дома така јас се разделивав он нив со зборовите “see you again “ кои и не се баш лесни за изговор во таков момент. Од другата страна на брегот пак беше поголемото слободно време кое како и јас така и сите друќи го трошевме на шопинг и патувања кој подалечни дестинаци да ги посетиме едни од најголемите градови во САД. Како  врва на сето ова овој пероод ми донесе многу среќа бидејќи се броеа деновите и часовите кога ќе си ги видиме нашите најмили дома.

И за крај можам да кажам дека времето кое го поминав на мојата WAT програма нема никогаш да го заборам и би отишол таку уште незнам колку пати и повторно нема да ми биде доволно. Како што кажав покрај сите они разочарувања кои ги почувствував јас само ја научив лекцијата на животот и сум моногу благодарен што бев ден од оваа програма која им помага на студентите како мене да го осетат својот сон во јаве и да уживаат во сето тоа.