KOUZON WORK & TRAVEL AMERICA 2017

Почитувани Студенти ,

Со посебно задоволство Ви соопштуваме дека од 19 Октомври , сите канцеларии на Коузон во Македонија ( и во останатите Балкански држави ) ги отвараат вратите за Ваше пријавување за програмата Work And Travel America 2017.

За нас , како носители на правото за оваа програма овој СТАРТ е многу значаен од повеќе причини.
1. Коузон – секогаш стартува со најдобра цена во Македонија
2. Коузон – секогаш дава извонредни погодности * ( попусти ) за оние кои ќе бидат први во процесот на пријавување
3. Коузон секогаш има иновативни и прогресивни кампањи.

Овогодишната кампања ја започнуваме со објавување на ново МОТО (YOUR NASA 2017)
NASA – има двојно значење и тоа:
Next American Summer Adventure – ПРВО ЗНАЧЕЊЕ
Но и можност да се стекнете со награда и бесплатно да патувате и да престојувате во NASA центарот на Флорида во Cape Canaveral.- ВТОРО ЗНАЧЕЊЕ
Суштината на мотото на оваа кампања , покрај можноста да се види т.е посети вселенскиот центар на Флорида и идејата за да размислите и да погледнете кон иднината.
За вашата иднина се работи !!!

Искуството покажа дека сите оние студенти кои биле во Америка со оваа програма, си обезбедиле подобра иднина, побрзо напредувале на работните места каде што се вработиле по враќањето во Македонија .

Со само еден чекор , само со една основна идеја, да АПЛИЦИРАТЕ ЗА ПРОГРАМАТА WORK AND TRAVEL AMERICA – Вие , почитувани студенти добивате можност за подобра иднина.

Ако некогаш ова Ви било само СОН – дозволете КОУЗОН да ве поведе во светот на МОЖНОСТИТЕ , дозволете ни да Ви го дадеме она што е важно за секој млад човек , LIVE YOUR DREAM !!!!

Како најава на стартот или подобро кажано како увод во она што следи , речениците напишани погоре во оовој текст се доволни за ПОЧЕТОК НА НАШАТА КАМПАЊА.

Ако не изберете нас ( Коузон ) ако ни ја дадете Вашата доверба да бидеме Ваши водичи кон Америка, Ве уверуваме дека нема да Ве разочараме.

Како компанија која работи во 17 држави , на 4 Континенти , како фирма која е избрана за СУПЕР БРЕНД во Македонија за 2013-2014 година, и како како СТУБРЕНД за 2016 година МОЖЕТЕ ДА ИМАТЕ МАКСИМАЛНА ДОВЕРБА И СИГУРНОСТ .
За сите Ваши прашања , барања , идеи и предлози , Ве покануваме да не контактирате на info@kouzon.com.mk и на studenti@kouzon.com.mk

Со почит,
Коузон Студент сервис Македонија