Јас сум Кристијан Митев, студент на Економски факултет во Штип и имам 23 години.

Ова лето имав прилика да бидам дел Work & Travel програмата од летниот камп Такахо, кој е еден од најдобрите кампови во светот ( се наоѓа во државата Mеин,САД.)

Бев ангажиран од страна на кампот како тренер по тенис со деца на возраст од 10-12 години-јуниори.

Присуството во кампот за мене беше едно од најголемите искуства во мојот живот.Организацијата во кампот е на врвно ниво, сигурноста на децата е на прво место.

Одличната организација на тренинзи, прекрасната исхрана како и многу други активности го прават овој камп да биде реално најдобар во светот.

СРЕДБА СО ВИТАЛИ КЛИЧКО

t1

Имав можност да работам со еден од најдобрите тренери во светот Дан Аубушон, тренер кој има долгогодишно искуство во тенисот, работејќи со врвни тенисери.

Ден ми помогна да ги подобрам моите способности како тренер и со негова помош успеав да постигнам голем напредок.

Надвор од тениските терени поминувавме прекрасно време, дружејќи се со тренери од целиот свет,стекнавајќи пријателства кои ќе траат до крајот на животот.

t4

Можам да кажам дека ова беше најубаво лето во мојот живот и сум многу горд што успеав да стигнам до таму.
Сепак нема да застанам овде, продолжувам да работам напорно и се надевам дека ќе бидам успешен во животот.Напорната работа сепак се исплаќа.

t3

Don’t dream your life, live your dream !!!

KOUZON STUDENT SERVICE – Macedonia info@kouzon.com.mk

t2