Tax refund

ПОВРАТОК НА ДАНОК ОД СТУДЕНТСКИ ПРОГРАМИ ЗА СЕЗОНСКА РАБОТА ВО СТРАНСТВО

Коузон во соработка со своите партнери обезбедува најбрзо и најлесно враќање на средствата од данокот за време на вашиот престој во Америка,  Англија, Ирска, Норвешка, Германија, Канада, Нов Зеланд, Австралија и  Холандија.

ШТО СЕ РЕФУНДИРА?

Повратокот на данок од САД ( за учениците на програмата W&T USA ) значи можност да се врати дел од Федералниоот данок ( Federal Income Tax ) кој Ви бил задржан од страна на Вашите работодавци и дел од данокот кој е уплатен на сметка на државниот данок на доход ( т.н State Income Tax ) . И двата даноци се плакаат на Федералната Даночна служба во САД *IRS и даночните служби на државата во која сте биле вработени .
( во одредени држави се задржуваат и Локален данок и FICA – federal Insurance Contribution Act )

Добро е да знаете :

Сојузните држави, Аљаска, Флорида, Невада, Тексас, Јужна Дакота, Вашингтон , Вајоминг Њу Хемшир и Тенеси НЕ ЗАДРЖУВААТ ДРЖАВНИ ТАКСИ .

КОЛКАВ ПРОЦЕНТ СЕ ДАНОЦИТЕ КОИ СЕ ЗАДРЖУВААТ ?
Во САД :
1. ФЕДЕРАЛЕН ДАНОК –
се задржува од 10-12 % од Вашата месецна плата

2. ДРЖАВЕН ДАНОК –
се задржува од 3-6 % од Вашата месечна плата

3.
FICA – се задржува 15.3 % од Вашата нето заработувачка ( плата )
Овој данок не се плаќа доколку сте учесници со Ј1 програмата

ШТО НУДИ КОУЗОН?
Ние Ви нудиме најдобри услови за повраток на данокот.
Аплицирањето е брзо и едноставно.
Доставете ги следните документи во некоја од нашите канцеларии:
  1. Копија од предната страна на пасошот
  2. Копија од виза
  3. Копија од SSN (со ваш потпис на линијата)
  4. Копија од последниот paycheck или W2 form
  5. Копија од DS form
  6. Апликацијата за Повраток на данок чини 500 ден., уплата на денот на аплицирањето.

ВАЖНО

Коузон е само посредник во испраќањето на документите до професионалните агенции за повраток на данок.
Пресметката за висината на средствата кои ќе Ви ги вратат ја прават Даночните служби во државата во која сте работеле ( во САД тоа е IRS ).

Агенциите кои посредуваат во враќањето на данокот ( т.е аплицираат во Ваше име за повраток на данок од Државните даночни служби ) задржуваат одреден % за нивната услуга.
Коузон не наплаќа ниту пак задржува било каков % од тие средства.
Нашата услуга Вам ќе ве чини само 500 денари one time fee .

WHY NOT TAKE THE CHANCE TO SPEND AN INCREDIBLE SUMMER IN THE USA?