Што е Work & Travel?

WORK & TRAVEL USA e најпопуларна и најатрактивна ЛЕТНА СТУДЕНТСКА работна програма. ПРОГРАМАта е позната и како КУЛТУРНА РАЗМЕНА НА СТУДЕНТИ Т.Н. EXCHANGE VISITOR PROGRAM.ВО WORK &TRAVEL ПРОГРАМАТА УЧЕСТВУВААТ ПОВЕЌЕ ОД 100.000 СТУДЕНТИ ОД ЦЕЛИОТ СВЕТ. МАКЕДОНСКИТЕ СТУДЕНТИ ИМААТ ПРАВО ДА ЗЕМАТ УЧЕСТВО ВО ПРОГРАМАТА И ДА ПРЕСТОЈУВААТ ВО АМЕРИКА ВО ПЕРИОД ОД 4-5 МЕСЕЦИ ЗА ВРЕМЕ НА ЛЕТНИОТ СТУДЕНТСКИ РАСПУСТ.

ЦЕЛТА НА ПРОГРАМАТА Е:
СТЕКНУВАЊЕ НА РЕАЛНО РАБОТНО ИСКУСТВО, УСОВРШУВАЊЕ НА АНГЛИСКИОТ ЈАЗИК, СТЕКНУВАЊЕ НА НОВИ ПРИЈАТЕЛСТВА СО СТУДЕНТИ ОД СИТЕ КОНТИНЕНТИ, ЗАПОЗНАВАЊЕ СО АМЕРИКАНСКАТА КУЛТУРА

КАДЕ МОЖЕ ДА СЕ РАБОТИ?
СТУДЕНТИТЕ ИМААТ МОЖНОСТА ДА РАБОТАТ СТУДЕНТСКИ РАБОТИ ОД ОБЛАСТА НА ТУРИЗМОТ, УГОСТИТЕЛСТВО, ПРОДАЖБА НА СУВЕНИРИ И ДРУГИ ВИДОВИ НА УСЛУЖНИ ДЕЈНОСТИ ВО ТУРИСТИЧКИ ЦЕНТРИ ШИРУМ сад. РАБОТНИТЕ АКТИВНОСТИ СЕ ИЗВЕДУВААТ ВО КОМПАНИИ КОИ НУДАТ СЕЗОНСКА ( ЛЕТНА ) РАБОТА

бенефити
Програмата нуди одлична можност да се искуси американскиот начин на живот и култура ,како и да се посетат некои од најпопуларните туристички дестинации. Програмата е сама по себе уникатна бидејќи е креација на добро,корисно,забавно,активно и исполнето лето.

j1-visa-1

Со учество во програмата и со добивање на Ј1 визата, студентот се стекнува со право на 4 месечно работно ангажирање , едно месечен туристички престој во САД,, добивање на социјален број за работа, здравствено осигурување за време на престојот.

КОЈ МОЖЕ ДА АПЛИЦИРА?

Редовни студенти, кои имаат уредно заверен семестар, редовно полагаат испити и ги исполнуваат следните услови:

  • СЕ НА ВОЗРАСТ ОД 18 – 28 ГОДИНИ,
  • ЗБОРУВААТ АНГЛИСКИ ЈАЗИК НА КОМУНИКАЦИСКО НИВО ( ПОЗНАВАЊЕТО НА АНГЛИСКИОТ ЈАЗИК Е ОСНОВА ЗА ДОБИВАЊЕ НА РАБОТНА ПОНУДА, ЗА УСПЕШНО ДОБИВАЊЕ НА АМЕРИКАНСКА ВИЗА  И КОМУНИКАЦИЈА СО ПРЕТПОСТАВЕНИТЕ МЕНАЏЕРИ ОД КОМПАНИЈАТА ВО КОЈА ЌЕ БИДАТ РАБОТНО АНГАЖИРАНИ ВО САД ).
  • СТУДЕНТИ КОИ СТУДИРААТ НА АКРЕДИТИРАНИ МАКЕДОНСКИ УНИВЕРЗИТЕТИ ИЛИ ПАК СТУДЕНТИ КОИ СЕ МАКЕДОНСКИ ДРЖАВЈАНИ И СТУДИРААТ ВО СТРАНСТВО.
  • ТОЛЕРАНТНИ, ФЛЕКСИБИЛНИ, ОДГОВОРНИ, ПРИЛАГОДЛИВИ, СОВЕСНИ, ВРЕДНИ…
  • СПРЕМНИ ЗА РАБОТНО АНГАЖИРАЊЕ И ОДГОВОРНО ПОЧИТУВАЊЕ НА СТАНДАРДИТЕ ЗА РАБОТА ВО САД.

ШТО ТРЕБА ВИЕ ДА НАПРАВИТЕ?

Вие треба да дојдете во некоја од нашите канцеларии. Нашите колеги низ разговор со Вас ќе ја утврдат Вашата желба и ќе Ве посоветуваат која работна понуда да ја изберете.
Нашиот тим ќе Ви помогне во подготовката на документите со кои треба да аплицирате и ќе Ве упати во сите важни моменти од програмата.

Едноставно дозволете ни да бидеме Ваши консултанти

WHY NOT TAKE THE CHANCE TO SPEND AN INCREDIBLE SUMMER IN THE USA?