KOUZON WORK & TRAVEL AMERICA 2017

НИЕ ОДИМЕ ЗА АМЕРИКА ……….. СЕ ГЛЕДАМЕ ЗА 4 МЕСЕЦИ, не поздравуваат сите тие

Деновиве во сите наши канцеларии ширум Македонија и останатите Балкански држави каде што Коузон има свои канцеларии,  ВЛАДЕЕ ВЕСЕЛА И МНОГУ ПОЗИТИВНА АТМОСФЕРА.
Студентите добија АМЕРИКАНСКИ Ј1 визи и на нивната радост им нема крај.
Причина не е само патувањето за Америка, радоста доаѓа од тоа што ќе имаат лето исполнето со работни активности , забава , дружење , можност да поминат време на прекрасните плажи на Атлантскиот или Тихиот Океан , можност да ги посетат најголемите атракции во Америка , можнос да заработат.

МНОГУ МОЖНОСТИ , реални очекувања и младешки предизвици.
Вистина е дека нашите студенти ќе го имаат сето гореспоменато.
Вистина е дека ќе можат да заштедат и да патуваат ширум Америка, вистина е дека ќе уживаат во едно посебно лето за нив.Но уште поголема вистина е дека ќе се вратат во Македонија како нови луѓе, полни со самодоверба, желба за живот , инспирации за подобро утре и мотивирани за нови животни победи.
ЗАТОА WORК & TRAVEL AMERICA  е уникатна програма .
Затоа повеќе од 120.000 студенти од целиот свет ја користат привилегијата да патуваат за Америка и да го доживеат ова работно и животно икуство.

КОУЗОН им благодари на сите студенти за довербата.
Со нескриени емоции на сите нив до еден им ПОСАКУВАМЕ ПРЕКРАСНО ЛЕТО ВО АМЕРИКА.
Коузон Студентски Сервис им го овозможи само првиот чекор кон успехот, сега во Америка се е во нивни раце и нивните амбиции.