Студентски кредити

Современите текови на живеење многу често од нас бараат дополнителни средства кои се потребни за реализација на нашите желби, идеи и визии.
Ако Вашата желба е да одите во САД и да учествувате во W&T Програмата , Коузон со целосна поддршка ќе Ви помогне да добиете еден од т.н студентски кредити, кои се креација на Коузон.

ШТО Е СТУДЕНТСКИ КРЕДИТ?
Посебно креиран продукт во неколку комерцијални банки врз основа на барање на Коузон.
Првите студентски кредити за W&T програма, во Македонија се појавија во 2000 година .
Барањето на кредитот е врз основа на вработувањето на родителите, кои се појавуваат како кокредитобаратели на студентот .

ШТО Е ПРЕДНОСТ СО ОВИЕ КРИДИТИ

Самото аплицирање е предност за студентот, бидеќи истиот се добива врз основа на поднесена апликација во Коузон  и желба за учество во Work and Travel  програмата.

Студентските кредити имаат ГРЕЈС период за враќање кој е димензиониран да почне да се враќа по влегувањето во САД и првите заработени пари ( т.е обврската за враќање на кредиот е на студентот а не на родителите ). Кредитите имаат повластена камата која е пониска од потрошувачките кредити.

ПРЕКУ КОИ БАНКИ СЕ АПЛИЦИРА?
Коузон има екслузивни договори со :
  1. УНИ Банка
  2. Охридска Банка
  3. НЛБ Тутунска Банка
  4. Стопанска Банка
  5. Штедилница ФУЛМ

ШТО ДРУГО Е ВАЖНО?

Важно е да се има обврска кредитот да биде вратен од парите кои вие ( студентите ) ќе ги заработите во САД. Ова значи големо ослободување на родителите од обврската за враќање на кредитот и стекнување на самодоверба за способностите да се биде финансиски одговорно лице .

ШТО ТРЕБА ВИЕ ДА НАПРАВИТЕ?

Вие треба да дојдете во некоја од нашите канцеларии. Нашите колеги низ разговор со Вас ќе ја утврдат Вашата желба и ќе Ве посоветуваат која работна понуда да ја изберете.
Нашиот тим ќе Ви помогне во подготовката на документите со кои треба да аплицирате и ќе Ве упати во сите важни моменти од програмата.

Исто така и  при посетата на нашите канцеларии.
Едноставно дозволете ни да бидеме Ваши консултанти

WHY NOT TAKE THE CHANCE TO SPEND AN INCREDIBLE SUMMER IN THE USA?